Категории

Денес е Духовен понеделник-ако сакате чисто и бело лице, ова мора задолжително да го направите

Вчера беше еден од најголемите православни празници, Света троица или Духови, кој се одбележува 50 дена по Велигден и 10 дена по Спасовден, а денеска верниците го одбележуваат Духовниот понеделник.

Духови го означува симнувањето на Светиот дух на апостолите, а по значење е трет празник, после Велгден и Божиќ и исто така се слави три дена.

Празнувањето се продолжува цела недела, не се пости и ова е таканаречената трапава недела.

Народните верувања на овој Духовен понеделник се различни. Така се верува дека  девојките кои ќе се измијат со вода, во која стоело цвеќето од кое се плетат венчиња, преку цела година ќе имаат чисто и бело лице.

Од друга страна, мажите кои ќе бидат дарувани од девојките со венчиња, според верувањата, годината ќе ја завршат   како младоженци.

На вториот ден на Духови,ништо не се работи дома, не се извршуваат тешки работи, ниту се работи со игла, бидејќи тоа се смета за непочитување на апостолите и светците и не се обрнува внимание на нивните зборови.

 

Во некои краеви се почитува обичајот да се приреди симболична трпеза за починатите, како би се сочувал домот од зли сили.

Прегледи:
354
Ознаки:
· ·
Објавено на:
05.06.2017