Категории

Денес е меѓународниот ден на мажите: „Не набљдувај. Реагирај!“

Веќе 22 години на секој 19. ноември се одбележува Меѓународниот ден на мажите кој има за цел да се надминат родовите разлики и допринесува кон родова рамнотежа.

Празникот се одбележува од 1999. година во Тринидад и Тобаго, а во текот на годините овој празник го поддржале многу поединци и здруженија како Обединетите нации.

Тоа е можност за нагласување на дискриминацијата кон мажите и момчињата и прославување на нивните достигнувања и допринеси, особено кон заедницата, семејството, бракот и грижата за децата.

„Не набљдувај. Реагирај!“ против патријархатот

Иницијативата „Не набљудувај. Реагирај!“ смета дека токму затоа е важно да го одбележуваме овој ден и на тој начин да ги отфрлиме сите аргументи за конзервативните мажи и жени.

Патријархатот, покрај жените ги загрозува и мажите. Од нив се бара да бидат „силни“, да не покажуваат емоции и страв, да се натпреваруваат постојано, да доминираат, а таквите барања креираат притисок врз мажите, предизвикуваат напнатост и стрес и го загрозуваат здрајето.

Оваа иницијатива ги повикува мажите од својата околина да направат превентивни прегледи на срцето и крвните садови, или абдоменот, да го проверат крвниот притисок, да го измерат нивото на шеќер во крвта…

Во 21. век улогата на мажите значително се промени. Затоа е многу важно да се разговара со младите за улогата на мажите во општеството, партнерските односи, љубовта, родителството и патријархатот. Учеството на мажите како сојузници и партнери е многу значајно во борбата против насилството над жените и девојчињата.

Не набљудувај. Реагирај!