На сите планинарки, планинари и останатите вистински пријатели на природата им го честитаме 11. декември – Меѓународниот ден на планините.
Меѓународниот ден на планината е можност за подигање на свеста за важноста на планините, истакнување на потенцијалот или отежнувачките околности за развој на планинските ресурси, како и можност за склопување на партнерства кои ќе донесат позитивни промени за планините и планинските предели низ целиот свет.
Меѓународниот ден на планиниите се одбележува од 2003. година од страна на општото собрание на Обединетите народи, откако Меѓународната година на планината, која ја прогласи УН во 2002. година, укажала на потреба за континуирано освестување кое е од големо значење и одржлив развој на околината и квалитетот на животот на населението.
Планините се од суштинско значење за животот на нашата планета. Со други зборови, тие не снабдуваат со 70% од целокупната вода за пиење, дом се на 25% од билните и животинските видови, но и на секој 10-ти жител на планетата.
Викендот е пред нас, планините се насекаде околу нас. Спакувајте го ранецот и топло облечете се. Искористете го денот за уживање во свежиот планински воздух во друштво на драги луѓе.