Категории

Денес е Меѓународниот ден на прегратката: Не заборавете да ја прегрнете драгата личност

Меѓународниот ден на прегратката е прогласен за годишен празник уште од 1986. година во Мичиген, а се одбележува на 21. јануари. Колку пати дневно ги прегрнувате вашите драги личности? Почнете да го правите тоа малку почесто. Денес прегрнете некого, прегратката ја лечи депресијата, лошото расположение и ве прави среќни. Не ги штедете прегратките, тие се бесплатни…

Велат:

  • 4 прегратки се потребни за преживување
  • 8 за одржување
  • 12 за напредување

Бонтон при прегрнувањето

  • Почитувај го просторот околу себе
  • Побарај дозвола пред да прегрнеш
  • Прегратката е несексуален облик покажување на привлечност и наклонетост, па гушкањето треба да биде во согласност со овој факт.
  • Прегратката е нежна и топла, а не насилна