Категории

Денес е Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица, а жените не смеат да го прават ова

Црквата го востановила овој празник поради посебното значење што го има пресвета Богородица, па во врска со тоа и нејзиното раѓање во Божјата економија на спасението.

Онаа што подоцна ќе го роди Бога се роди од благочестивите родители Јоаким и Ана. Јоаким потекнуваше од еврејскиот царски род, а Ана од свештеничкиот. Долго време немаа деца, цели 50 години, но имаа цврста вера во Бога и срдечно се молеа да им биде дадено дете.

Голема им беше радоста кога се роди Марија, но голема беше и нивната чесност пред Бога, па тие, не заборавајќи дека Бог на посебен начин им го дал детето, ја дадоа Марија да се воспитува во Ерусалимскиот храм до времето кога му стана свршеница на праведниот Јосиф, т.е. кога Бог одреди да ја прими благата вест од ангелот дека ќе го роди Спасителот на светот.

Жените на овој ден не би требало да средуваат по дома, да перат алишта и да извршуваат други слични домашни работи. Постои верување дека на Мала Богородица не треба да се извршуваат никакви обврски што подразбираат работа со раце. На Мала Богородица, наводно не е добро ни да се започнуваат нови работи, туку тоа треба да се одложи за некој од наредните денови.

Прегледи:
468
Објавено на:
21.09.2021