Категории

Денес е Светскиот ден на учителките и учителите: Ја паметите ли вашата прва учителка?

Денот на учителите, 5. октомври е посветен на суштинската улога на учителот и давањето релевантно и соодветно знаење на децата, младите луѓе и возрасните. Целта на одбележувањето на овој ден е давањето поддршка на просветните работници, но и сигурност дека потребите на ученикот се исполнети од страна на учителот.

УНЕСКО во 1994. година го востановил 5. октомври како Светски Ден на учителот. Секоја година на овој датум учителите ширум светот преку програми го одбележуваат својот ден, на истиот датум кога во 1966. во Париз е потпишана повелба за статусот на учителот.

Просветните работници се соочени со големи очекувања и без доволно поддршка од средината во која работат. Поради тоа, честопати се чувствуваат потценети, а на нивната професија сѐ повеќе влијаат економските, социјалните и технолошките потреби.

Многу земји се изложени на сериозен недостаток на просветни работници. Според истражувањата од пред неколку години дури два милиона нови работни места и уште осумнаесет милиони учители ќе бидат потребни за да се постигне сеопшто основно образование.

Неопходно е да се зголеми бројот на квалификувани учители кои треба да се мотивираат, а просветните стратегии на национално ниво мора да бидат во склад со постоечките глобални и регионални рамки. На овој начин ќе се обезбеди квалитет, но и ќе се подобри нивниот статус.

Подобрувањето на условите за работа на просветните работници и нивната едукација, но и подготвеноста за прифаќање нови методи на работа, иновативноста и посветеноста, влијаат врз квалитетот на наставата на идните генерации.