Категории

Денес е Светскиот ден за безбедност и здравје на работа

По повод Светскиот ден за безбедност и здравје на работа, министерот за здравство Венко Филипче се обрати на пошироката јавност:

„На Светскиот ден за безбедност и здравје на работа им оддавам чест на сите мои колеги здравствени работници. Тие несебично се грижат за сите нас и се борат за секој живот.
Им порачувам да бидат особени внимателни на работните места. Граѓаните секогаш да носат заштитна опрема, да имаат навремена и искрена комуникација со своите лекари.

Безбедната и здрава средина е важна за секое работно место. Во услови кога светот се бори со коронавирусот е повеќе очигледно дека мерките за безбедност можат да спасат многу животи. Апелирам уште еднаш до сите работодавачи и работници – целосно да ги спроведуваат протоколите за безбедност.“, напиша на својот официјален фејсбук профил министерот Филипче.

Фотографија: Tomislav Georgiev