Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје денеска ќе го одбележи 17 Ноември – Светскиот ден на предвреме родените бебиња.
Раѓањето на дете кое започнува пред 37-мата гестациска недела се смета за предвремено раѓање. Дали знаевте дека секое десетто дете е предвремено родено?
Овие најмали, а воедно најголеми борци честопати се соочуваат со одредени здравствени проблеми уште при самото раѓање и недоволно развиени органски системи и посебно се осетливи.
Периодот непосредно по раѓањето е обременет со потешкотии во дишењето, кардиоваскуларниот систем, имунитетот, исхраната. Како последица на незрелоста на сите органски системи, во перидот непосредно по раѓање се соочуваме со респираторен дистрес, со можни компликации од типот на пнеумоторакс, пулмонална (белодробна) хеморагија-крвавење, ателектеза, мозочни хеморагии, жолтица, некротизирачки ентероколитис, тешки генерализирани сепси, менингит.
По тој повод министерот за здравство Венко Филипче и директорката на Универзитетската клиника Викторија Јовановска ќе ги презентираат најновите статистички податоци за бројот на предвреме родените новороденчиња, процентот на смртност, како и достигнувањата направени изминатата година.