Категории

Денес се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост

3. декември го одбележуваме како Меѓународен ден на лицата со посебни потреби. Терминот посебни потреби може да означува многу разни состојби: од мали потешкотии во учењето, изразени интелектуални потешкотии, психијатриски нарушувања, хронични болести итн.

На овој ден е посебно се посочуваат потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат лицата со посебни потреби. Но, како што велат многу здруженија, невладини организации, сојузи за лицата со хендикеп – не е доволно само еден ден да им се посвети внимание на овие лица и на нивните права за еднаквост со другите. Тоа треба да биде секој ден, да претставува дел од човечкото општество. Овие лица најмногу бараат еднаквост, самостојно живеење и функционирање во општеството.

По повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби – 3 декември, во организација на ЦИВИЛ, денеска во Музејот на Град Скопје ќе се одржи панел дискусија на тема „Рампа“ посветена на потешкотиите со кои се соочуваат лицата со попреченост во општеството, како и на процесите за деинституционализација и пристапност до услугите од институциите на локално и национално ниво.

На оваа панел дискусија ќе говорат скопскиот градоначалник Петре Шилегов, Душан Томшиќ и Вангел Тркаљанов од Министерството за труд и социјална политика, Благица Димитровска од Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ Куманово, Сандра Пешевска Мицковска активистка за правата на лицата со посебни потреби и Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

Прегледи:
1700
Објавено на:
03.12.2019