Категории

Денеска е интернационален ден на гумите за џвакање!

Човекот отсекогаш имал потреба нешто да џвака, а бирал кора од дрво, слатка трева, листови, гранчиња и восок.

Првата комерцијална гума за џвакање е направена во 1848 година, а на тоа се сетил Џон Бејкон Куртис. Тој својата мастика ја нарекол “State of Maine Pure Spruce Gum”, а била направена од парчиња смола и парафин, и имала розева боја.

Така револуционерниот производ се појавил на пазарот и многу брзо го “заразил” целиот свет. Гумите за џвакање биле дури и официјална ставка во пакетите за американската војска до 1940 година.

Израчунато е дека годишно во светот се трошат повеќе од 100.000 тони гуми за џвакање, а само децата во Америка даваат околу половина милијарди долари на мастики секоја година.

Гумите за џвакање, покрај пријатниот вкус, се популарни и поради тоа што го намалуваат стресот, докажаа научниците.

Без оглед на тоа што не се работи баш за здрав производ, бидејќи содржи 70% шеќер, или некој друг засладувач, гумите за џвакање се омилени и кај младите и кај старите.

Еден математичар израчунал дека енергијата која Американците секојдневно ја трошат кога џвакаат мастики би можела да се искористи за осветлување на град во кој живеат десет милиони луѓе.

Меѓутоа, има и нешто лошо (покрај шеќерот) во врска со гумите за џвакање – кога ќе се залепи на облека или во коса.

Пред да ги дофатите ножиците и да исечете дел од косата, прво земете лажица путер од кикирики и ставете го на тој дел од косата. Потоа лесно без повлекување на влакната, втиснете го путерот од кикирики во гумата за џвакање колку што можете повеќе. Маслото од овој путер ќе ја намали густината и таа ќе се разложи.

Кога мастиката ќе се залепи на гардеробата или тепихот, земете две коцки лед и ставете ги на двете страни од облеката додека не се истопат. До тогаш гумата за џвакање би требало да стане тврда и полесна за отстранување. Употребете нож кој не е многу остар, а доколку останат некои остатоци најверојатно ќе можат да се отстранат со перење.

Доколку не ви е дојдено до држење коцки лед, можете да го ставите парчето облека во замрзнувачот, или делот каде што е залепена мастиката да го потопите во сок од свеж лимон.

Прегледи:
604
Категории:
Занимливости
Објавено на:
05.02.2016