Свети Атанасиј се роди во Александрија, во 296 година. Уште како мал покажуваше голема љубов за Христа. Беше многу близок со тогашниот епископ на Александрија, светиот Александар. По смртта на свети Александар беше избран за епископ на истата катедра.
Многу претрпе од тогашните еретици, аријанците, а Господ му даде долг и плоден живот. Се упокои во 373 година. На денешен ден се празнува пренесувањето на неговите мошти, како и чудата што се случуваа над нив, а неговиот посебен празник е на 18 јануари (според стариот календар).