Докажано е дека седечкиот начин на живот претставува фактор на ризик за многу хронични заболувања, вклучувајќи ги кардиоваскуларните болести, водечка причина за смрт во развиениот свет. Од друга страна, активниот живот е директно поврзан со бројни социјални и психолошки придобивки и е поврзан со продолжување на животниот век, бидејќи, луѓето кои се впуштаат во редовна физичка активност живеат подолго. Луѓето кои го имаат седечкиот начин на живот заменето со активен, изразуваат задоволство од физичкото и менталното здравје и подобар квалитет на животот.
Редовната физичка активност помага за подобрување на општата здравствена состојба и физичката кондиција и да се намали ризикот од развој на неколку болести и состојби:
- -го намалува ризикот од развој на болести на срцето и крвните садови
- -го спречува развојот на висок крвен притисок (хипертензија), како и кај пациенти кои страдаат од хипертензија помага за одржување на крвниот притисок во пожелни граници
- -ја подобрува функцијата на срцето и респираторниот систем
- -го одржува метаболизмот на телото и го намалува ризикот од развивање на дијабетес мелитус
- -го зголемува искористувањето на мастите, кој помагаат за одржување на телесна тежина и намалување на ризикот од развој на дебелината
- -ја подобрува коскената минерализација во рана возраст, која помага да се спречи развој на остеопороза и фрактури кај постарите лица
- -го подобрува и го релулира варењето на храната
- -одржува и подобрува мускулна сила и издржливост, зголемување на способноста за успешно извршување на работните задачи
- -ја одржува моториката на телото, како што се сила и рамнотежа
- -го одржува на менталното здравје и го намалува ризикот од депресија и деменција
- -го намалува стресот и го подобрува квалитетот на сонот
- -лична сатисфакција, ја подобрува самодовербата и ја покренува душевноста и оптимизамот
- -намалува отсуства на работа (боледувања)
- -кај постарите луѓе го намалува ризикот од паѓање, спречување и го спречува развојот на хронични болести поврзани со стареењето
Воведувањето на редовната физичка активност во секојдневниот распоред, во прво време може да изгледа тешко, но не треба да се загуби волја и мотивација. Откако физичката активност ќе стане составен дел од денот, ќе се забележат големи промени во телото, чувство на задоволство и среќа, со што ќе биде дополнителен мотив да се продолжи со физичка активност.