Категории

Десерт кој ќе ве остави без зборови: Пита со круши и бадеми (РЕЦЕПТ)

Понекогаш се чини дека крушите се неправедно запоставени во однос на јаболките, но затоа овој рецепт ќе ве предомисли.

Состојки:

  • 1 кг круши
  • 100 гр суво грозје
  • 50 гр бадеми
  • 50 гр шеќер
  • две кесички ванилин шеќер
  • 80 гр путер
  • шеќер во прав
  • лимонов сок
  • мелен кекс
  • кори за пита

Подготовка:

Сувото грозје натопете го во вода и оставете го 15 минути. Излупете ги крушките, исечкајте ги на коцки и прелијте ги со лимоновиот сок. Исечкајте ги бадемите и пропржете ги кратко на оган без масло. Во крушките додадете го шеќерот, ванилиниот шеќер, бадемите, исцеденото суво грозје и промешајте. Првата кора премачкајте ја со стопениот путер, па направете го тоа и со втората кора која ќе ја ставите преку неа. Врз неа истурете го мелениот кекс, па распоредете го филот со крушките и внимателно свиткајте ги. Повторете ја постапката и со останатите кори. Сите ролати пред печењето прелијте ги со преостанатиот путер и печете 30 минути на 200 степени.