Категории

Десерт на денот: Киндер буено чизкејк! (РЕЦЕПТ)

Чизкејкот за многумина е омилен десерт. Се подготвува лесно и брзо, без печење и во безброј различни варијанти. Доколку сте љубители на крцкави чоколади и Нутела, оваа верзија ќе ве воодушеви.

За подлогата:  

  • 300 гр кекс
  • 100 гр путер

За кремот:  

  • 450 гр крем сир
  • 350 мл слатка павлака
  • 100 г чоколадо (темна или млечна)
  •  150 г шеќер во прав
  • 1 желатин
  • 6 киндер буено чоколатца

Подготовка:  

За подлогата помешајте го мелениот кекс со стопениот путер. Со добиената маса прекријте го дното на калапот за торта. Со прстите добро нагмечете го кексот, за да биде подлогата компактна.

За кремот, помешајте го крем сирот со 75 гр шеќер. Посебно изматете ја слатката павлака и осѕтанатите 75 гр шеќер. Стопете го чоколадото. Исечкајте го Киндер буеното. Помешајте го крем сирот со павлаката и додадете го стопеното чоколадо и добро соединете ги.

Во овој крем може да додадете и желатин за да биде поцврст. Со кремот исполнете го калапот за торта преку подлогата. Ставете го чизкејкот во замрзнувач добро да се олади. На крај тортата дополнително украсете ја со слатка павлака, чоколадо и Киндер буено парчиња.

Прегледи:
1814
Објавено на:
24.10.2018