Категории

Десерт од бело чоколадо со колачиња од бадеми

Подгответе го овој вкусен десерт со бело чоколадо, колачиња од бадеми и освежувачки портокал.

Состојки:

  • 125 гр бело чоколадо
  • 150 гр слатка павлака
  • 2 лажици шеќер
  • 1 кесичка ванила
  • 250 гр јогурт
  • 125 гр колачиња од бадеми
  • 20 мл ликер од портокал
  • 1 лажица кора од портокал

Подготовка:

  1. Се топи белото чоколадо на пареа. Павлаката изматете ја со три лажици шеќер и ванила.
  2. Измешајте ја растопената чоколада и додајте ја павлаката. Додадете го и јогуртот во смесата.
  3. Ставете ги колачињата во чаши во кои ќе го послужите десертот и ставете крем во четири слоја. Колачињата треба да се натопат во ликер од портокал пред да се наредат.
  4. Ставете ги чашите во фрижидер еден час и пред да ги сервирате посипете ги со кора од портокал.

Пријатен апетит!

Прегледи:
383
Објавено на:
31.10.2019