Категории

Десерт од нашето детство: Крцкаво чоколадо и пенест фил! (РЕЦЕПТ)

Се сеќавате ли на овие чоколадни мафини и среќата што ја чувствувавте кога ги јадевте? Прелиени со чоколадо, полна уста со слатка пена …

Потребно е:

  • 400 грама несолено сирење
  • 50 грама шеќер во прав
  • 40 грама путер
  • ванилин шеќер
  • 160 грама чоколадо
  • 3 лажици растително масло

 

Подготовка:

Растопете го чоколадото со маслото. Земете силиконски калап за мафини и премачкајте го секое поле со чоколадо. Ставете го во замрзнувач 15 минути за да се стегне. Потоа, извадете го калапот од замрзнувачот, па повторно премачкајте го со чоколадо. Повторно ставете во замрзнувач.

Направете фил така што ќе го изматите сирењето, шеќерот во прав, путерот и ванилиниот шеќер. Наполнете ги калапите со овој фил, а потоа врз него ставете го растопеното чоколадо. Ставете во замрзнувач неколку часа за да се стегне убаво.

Прегледи:
744
Објавено на:
13.02.2020