Категории

Десет најпопуларни светски дестинации за секс-туризам

Дестинацијата за одмор луѓето ја бираат врз основ на личните афинитети. Некои најмногу сакаат музеи и историски споменици, други се за авантура во природа, трети се во состојба по цел ден да го поминат на плажа, на четврти само шопингот им е во мислите…

Сепак, постојат и луѓе кои одредената дестинација ја бираат поради една посебна причина.

На некои туристи основна причина за патување им е сексот. Најмногу од нив се мажи, а многу од тие „туристички атракции” ги посетуваат жени.

На глобално ниво, секс-туризмот претставува стопанска гранка во раст, вредна милијарди долари. Се проценува дека на светот има повеќе милиони сексуални работници/чки, вклучени во работа која во зависност од законите на нивните држави, може да биде легална или илегална.

Овие 10 дестинации се најпознат, или најозлогласени, токму по својата „индустрија” на секс-туризмот.

10. Доминиканската Република

Се проценува дека од 60 до 100 илјади жени во Доминикана работат како сексуални работнички, а благодарение на близината на САД работата им цвета.

Проституцијата е легална, но сексот со малолетници не е. За жал, се поголем е бројот на девојки кои со таа работа почнуваат да се бават пред полнолетството.

9. Камбоџа

Наспроти ригорозните закони, најстариот занает на светот цвета. Невиноста е посебно на цена, па често се нуди и на аукции.

Поттикнати од сиромаштијата, родителите понекогаш ги продаваат родените деца во сексуално ропство. Сексуалните работнички во Камбоџа се изложени и на насилство.

8. Холандија

Амстердамскиот Кварт на црвените фенери одамна е и надалеку познат. Проституцијата е легализирана и законски одлично уредена, па на сексуалните работници им нуди безбедна работна средина.

Во холандскиот главен град може да се најде широк спектар на сексуални услуги од стандарден мисионерски секс, до широк спектар на фетиши.

7. Кенија

Слично како во Камбоџа и во Кенија сиромаштијата е главен покренувач за секс-туризмот. Често се случува девојчиња од 12 години да се вклучени во таа илегална работа.

Бидејќи многу сексуални работнички се послабо школувани за ширењето на сексуално преносливите болести, често не користат заштита, што како последица има пораст на заболени од СИДА.

Сепак, полицијата во многу случаи замижува, па дури и ја поттикнува проституцијата, бидејќи таа носи големи приходи на оваа сиромашна земја.

6. Филипини

Од 40 до 60 отсто од сите туристи на Филипини доаѓаат поради секс, а секс-туризмот цвета наспроти ригорозните закони.

Околу 500.000 девојки, главно „маскирани” во келнерки, се ангажирани во секс-бизнисот. Филипинците се толерантна и отворена нација, па туристите ги охрабруваат да одат до крај.

5. Колумбија

Покрај нарко-картелите, Колумбија е озлогласена и по проституцијата. Многу работнички ја спуштаат цената на атрактивни клиенти во потрага за изглед и облини како холивудската ѕвезда Софија Варгара.

4. Индонезија

Ова е земја во која проституцијата е прекршок, во која сексуалната експлоатација и продажбата на бело робје претставува сериозен проблем.

Сепак, борделите се полни со атрактивни девојки, со кои клиентите најчесто остваруваат контакт преку интернет.

3. Шпанија

Проституцијата е легална, па Шпанија е една од европските топ-дестинации кога се работи за секс-туризмот.

Улиците на црвените фенери во Мадрид и Барселона претставуваат популарни туристички атракции. Многу девојки во нив доаѓаат од земјите на Јужна Америка, каде сексуалното ропство е исклучително распространето.

2. Бразил

Растечката секс-индустрија поттикнува голем број туристи на прекрасните плажи, егзотичната природа и манифестации како карневалот во Рио, кој привлекува туристи, но и домашно население.

1. Тајланд

Земјата е позната по црвените фенери. Законите кои ја регулираат проституцијата, најблаго кажано се нејасни, па Тајланд е вистинска кошница кога се работи за секс-туризмот.

Тајланѓаните се многу толерантни кон неговата појава, што придонесе за тоа трансполовите проститутки, познати како „ladyboys” да станат заштитен знак на сексуалната туристичка понуда на оваа земја.

Околу три милиони луѓе се вклучени во оовј „бизнис“, од кои една третина се малолетници. За жал многу од нив се жртви на трговија и насилства.

Прегледи:
477
Објавено на:
29.03.2017