Категории

„Деспасито“ избришан од Јутјуб, обожавателите во неверување

Спотот за песната „Деспасито“, кој имаше пет милијарди прегледи, избришан е од Јутјуб, пренесува Би- Би- Си.

Имено, како што јавува пзнатиот медиум, каналот Вево е хакиран и спотот за „Деспасито“ е избришан од Јутјуб. Пред да го отстранат видеото, корисниците наместо спотот можеле да видат фотографија од вооружена група на луѓе.

Хакерите, кои себеси се нарекуваат Prosox i Kuroi’sh, под видеото напишале “Free Palestine”, а освен Деспасито, отстранети се уште неколку спотови. Би- Би- Си наведува дека хакерите ги загрозуваат и другите пејачи, менувајќи имиња на песни и вметнувајќи ги своите имиња во некои од најгледаните песни.

Наводно еден од нив се огласил на Твитер, велејќи дека го обожава Јутјуб и дека тие само добро се забавувале.

Спотот за „Деспасито“ е најгледан на Јутјуб, а пред хакерскиот напад имал повеќе од пет милијарди прегледи. Моментално достапна е само верзијата со Џастин Бибер, која има 618 милиони прегледи.

 

 

Прегледи:
403
Објавено на:
10.04.2018