Категории

Ова е дестинацијата на која туристите најмногу се дебелеат…

На патувањата сите сакаат да се опуштат и да ги пробаат локалните специјалитети, не размислувајќи многу за калориите што ги внесуваат или за проблеми со холестеролот. Најновото истражување покажа колку тоа уживање може да ве „чини“.

Дестинацијата на која туристите во просек се здебелуваат за импозантни 4,5 килограми е Доминиканска Република, а на второ место на листата „најкалорични“ одморалишта е Мармарис, во Турција.

Останатите дестинации се Канкун, Јамајка и Мајорка.

Истражувањето на агенцијата sunshine.co.uk опфатило 2.328 лица, а се покажало дека околу четвртина од нив дури и ослабеле на одморот и тоа во просек по околу три килограми.

Интересно е дека Њујорк, инаку познат по многу калоричните специјалитети, е на прво место на листата на дестинаци на кои патниците губеле килограми,а е следен од Бали, Пукет, Тенерифе и Рим.

Прегледи:
442
Објавено на:
17.01.2016