Категории

Децата на Бред Пит и Анџелина Џоли потполно се разликуваат од холивудските разгалени деца

Покрај целата медиска прашина, светлата на фотоапаратите кои ги пратат од раѓање, папараците кои им го пресекуваат патот до училиште, наводниот алкохолизмот на татко им  и анорексијата на мајка им, децата на Бред Пит и Анџелина Џоли се сосема обични деца. Без дизајнирани облеки, прескапи гаџети, експонирање на социјалните мрежи во потполност се разликуваат од другите деца на познатите холивудски фаци.

И што и да мислите за Анџелина, Бред и целиот циркуз околу нивниот брак, а подоцна и разводот, тие се заслужни што нивните деца се дури и премногу нормални за американските стереотипи за разгаленоста на децата на холивудските ѕвезди.

Нокс многу личи на својата мајка, а Шајло е слика и прилика на својот татко.

Инаку, денес на 4. декември сите деца Пакс, Захара, Шајло, Вивиен и Нокс би требало да се појават на суд по повод доделувањето на старателство. Бред и Анџелина треба да потпишат спогодба со која ќе ја завршат двогодишната битка за децата после разводот.