Категории

Децата родени од постари мајки се поздрави, повисоки и со подобро образование?

Децата од постари мајки се поздрави, повисоки и имаат подобро образование од децата чии мајки се помлади, вели последното истражување.

Според истражувачите, а што е и неспорен факт, општото здравје и образованието се подобруват година за година, па се исплати да раѓате подоцна.

Иако одредени други истражувања посочуваа дека раѓањето во поодминати години има повисок ризик за појава на даунов синдром, алцхајмерова болест, хипертензија и дијабетис. Сепак Лондонската економоска школа и Институтот Макс Планк за демографски истражувања во Германија, посочуваат дека им и придобивки.

Студијата се фокусирана на 1,5 милиони Швеѓани родени во периодот од 1960 до 1991 година за да ја истражат врската меѓу воздраста на мајката во моментот на раѓањето и висината, физичката состојба, оценките во училиште и видот на образование.

Само една декада влијае многу, а може да замислите колку разлика има во повеќе од 20-30 години.

„Дете родени во 1990 година, на пример, има поголема шанса да оди на универзитет отколку некој кој бил роден 20 години пред тоа.“ раскажува авторот Mikko Myrskylä.

Научниците земале во предвид повеќе параметри, а во суштина физичкото здравје и висината се добар показател за целокупното здравје, а стекнатото образование пак е индикатор за животните достигнувања.

Тие дошле до заклучок дека мајките кои во поодминати години раѓаат, дури на 40 години или постари, имаат деца кои се повисоки, кои имаат подобри оценки и големи се шансите да одат на универзитет.

Придобивките од раѓањето во поразвиено време, споредбено со раѓањето од постари мајки, се поголеми.

За добивање на понеутрални резултати, биле земени во предвид деца родени во различни години, но во исто семејство. Кадешто постоела голема годишна разлика, а притоа родителите биле исти, се дошло до исти заклучоци. Децата родени подоцна имале подобри предиспозиции.

Истражувањето било објавено во Population and Development Review.