Египетските археолози пронашле фараонска гробница со 50 мумии во градот Миња, јужно од Каиро, соопштено е од министерството за антиквитети на Египет.
Мумиите, меѓу кои има и 12 деца, пронајдени се во внатрешноста на четирите простории девет метри под земја, датираат уште од птоломејската ера, пренесува Ројтерс.
Идентитетот на мумиите сѐ уште не е познат, изјавил генералниот секретар на Врховниот совет за антиквитети, Мустафа Вазири.
„Сѐ уште не сме ги пронашле имињата испишани со хиероглифи“, рекол Вазири, додавајќи дека е јасно дека мумиите се луѓе кои припаѓале на високиот слој од општеството, судејќи по начинот на кој се мумифицирани, пренесува Ројтерс.