Категории

Девојче со протези на нозете го исполни својот сон и стана модел: Со една реченица објасни сѐ!

Дејзи Меј Деметре (9) според наводите е првото дете на кое му се ампутирани двете нозе, а е дел од модната недела во Њујорк која се одржа во септември.

Дејзи од Бирмингем е родена со фибуларна хемимелија, дефект кој се случува при раѓање и поради кој не постои фибуларна коска. Кога имала 18 месеци, нејзините родители одлучиле да и бидат ампутирани двете нозе за девојчето да има квалитетен живот со протези.

„Јас можам да го направам ова“, рекла Дејзи.

Дејзи доби повик од француската компанија за детска мода  „Lulu et Gigi Couture“ да се појави на пистата како ницен модел.