Категории

Девојка која тежеше 105 кг, драстично ослабе и стана Instagram инспирација

Ако се сака сè, се може, а големата трансформација на Тили Катлер само го потврдува тоа.

25-годишната Англичанка, која некогаш тежела 107 кг, успеала да намали 34 кг за само 9 месеци, а сега инспирира илјадници лица на Instagram. Тили постојано го документира својот напредок и здравите оброци со фотографии, кои ги објавува на популарната социјална мрежа. 

Ве молам, бидете упорни, не можам да ви го опишам чувството кога ќе ја погледнете личноста која некогаш сте биле. Направете го тоа за да ја почувствувате самодовербата која отсекогаш сте ја посакувале, да можете да ги купите алиштата кои отсекогаш сте ги посакувале и да се почувствувате среќни во сопствената кожа. НАПРАВЕТЕ ГО ТОА!

02

03

04

Катлер започнала нагло да се дебелее додека била на факултет, каде консумирала големи количини на газирани пијалаци и живеела на сендвичи, пица, колачи и чоколада. Иако го напуштила факултетот по 6 месеци, нејзините нездрави навики продолжиле. „Јадев сендвичи и чипс четирипати неделно и речиси и да не готвев свежа храна“ – вели таа.

05

06

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

Поради големата тежина, Тили била принудена да купува облека во одредени продавници, кои нуделе парчиња наменети за крупни девојки. „Мразев да одам на шопинг, бидејќи знаев дека ништо што ќе ми се допадне, нема да ме собере“ – вели Катлер.

„Ми се смачи да бидам дебела и да се чувствувам неудобно во моите алишта. Ми беше тешко да се движам, а самодовербата ми беше еднаква на нула. Одлучив да ја исфрлам брзата храна и да се запишам на часови за слабеење. Си направив селфи од моето тело со стомакот надвор за да имам потсетник како изгледав пред да ослабам“ – рекла Тили, додавајќи дека така започнала да го документира својот прогрес.

Сега, Тили тежи 73 килограми, но не планира да застане тука. Таа вели дека никогаш не била посреќна и дека ѝ се допаѓа новата слобода.

„Моето тело и живот се целосно трансформирани и не може да бидам посреќна. Неверојатно е што до пред неколку месеци не можев да се движам по одредено време, а сега можам да танцувам без престан еден час. Сега можам да носам што и да посакам. Чудно ми е што имам толку голема слобода, па често заборавам дека можам да купувам од одредени продавници“ – рекла пресреќната девојка.

22

23

Горда на својот успех, Катлер се обидува да ги охрабри сите кои имаат проблеми со тежината да започнат со поздрав начин на живот, а оние кои веќе почнале да слабеат, да не се откажуваат.

„Поминаа само 36 недели откако започнав да си го менувам животот и никогаш не погледнав назад. Сè уште не си ја имам постигнато целта, но со 73 кг се чувствувам многу поздраво и посамоуверено“ – вели таа и додава: „Се надевам дека моето патување ќе им покаже на луѓето кои се борат да ја намалат својата тежина дека не треба да се откажуваат – ако јас можам да го направам тоа, тогаш може секој“.

24

Прегледи:
405
Објавено на:
21.01.2016