Категории

Девојката на Кристијано Роналдо крие прилично мрачна тајна

Георгина Родригез е 23. годишна девојка од Шпанија која го освои срцето на Кристијано Роналдо, еден од најуспешните фудбалери на сите времиња.

Иако на почетокот во неа сите гледаа само уште една кратка авантура на Роналдо, нивната врска се зацврсти со доаѓањето на заедничката ќерка. Нејзината појава оттогаш не престанува да го привлекува вниманието на јавноста.

Познато е дека Георгина е родена во Буенос Аирес, а подоцна се преселила во Јаса, Шпанија. Таму започнала нејзината манекенска кариера, а соработките со големите имиња како Гучи и Долче и Габана само се нижеле. Кристијано го запознала на ревија на Долче и Габана, а потоа излегле на неколку состаноци каде што се родила силна љубов помеѓу нив.

Георгина совршено се вклопила во семејството на Роналдо. Заедно го одгледуваат неговиот најстар син, Кристијано Роналдо Јуниор, како и близнаците Ева и Матеа. Се зборува и дека таа совршено се сложува со мајката на Роналдо.


Сепак, семејната идила неодамна ја нарушиле вести кои ги пренесуваат медиумите ширум светот. Дејли Мејл, најпознатиот англиски таблоид, наводно поседува службени документи за злосторничкото минато на таткото на Георгина, Јорге Родригез. Документот долг 18 страници потекнува од 2003. година и изнесува сериозно обвинувања на сметка на Родригез. Се чини дека 69. годишниот Јорге Родригез досега веќе отслужил 10 години затвор поради трговија со дрога. Конкретно, тргувал со кокаин и хашиш во вредност од речиси 100 илјади евра.