Книгата ќе биде насловена како “Lethal White”. Во неа нема да се зборува за детето волшебник со тркалезни очила, туку за детективот Корморан Страјк кој е главен лик во криминалните романи “Повикот на кукавица” од 2013 година, “Свилената буба” од 2014 година и “Во служба на злото “од 2015 година
Сите тие се напишани од Џоан К. Роулинг под псевдонимот Роберт Галбрејт. Минатата година писателката ја издаде книгата “Хари Потер и Проколнатото дете” за животот на веќе пораснат волшебник.