Категории

ЏАМАЛА ОСТАНУВА ПОБЕДНИК НА ЕВРОВИЗИЈА ЗА 2016 ГДИНА

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – (АП)- Украинската песна “1944” на Џамала ќе остане евровизиски победник, одлучи ЕБУ.

Завчера, на Интернет се појавија снимки од победничката песна на Џамала, како ја изведува таа на концерт по повод јубилејот од протерувањето на Татарите од Крим во Киев, во мај лани. Според правилата на ЕБУ, песната не треба да биде јавно изведувана пред септември 2015 година, а Џамала го сторила тоа четири месеци пред тоа. И покрај тоа, ЕБУ донесе одлука дека Џамала останува победник на Изборот на песна на Евровизија за 2016 година.
“Во случајот на Џамала, правилото не е прекршено. Снимката од тој концерт, пред нејзиниот настап на Евросонг, ја виделе само неколку стотици луѓе, и тоа не се смета за комерцијална изведба. Правилото е донесено за да се спречи широка дистрибуција на песните пред Евросонг”, се вели во соопштението на ЕБУ.
Обвинението против песната на Џамала први го изнесоа фанови на Дами Ин од Австралија, која со песната “Звукот на тишината” цело време водеше на табелата за време на гласањето на жири-комисијата. Состојбата ја сменија гласовите од публиката, кои беа соопштени на крајот, и така Џамала ненадејно излезе на врвот од табелата.

Прегледи:
336
Објавено на:
21.05.2016