Категории

Џејми Оливер го споделил рецептот за најдобриот појадок за сите кои сакаат да ослабат

Познатиот готвач Џејми Оливер го открил својот најдобар рецепт за појадок. Овој сендвич е идеален за сите кои сакаат да намалат некој килограм.

Состојки (за една порција):

  • кришка ржан леб
  • полна лажица рикота сирење
  • половина зрело авокадо
  • домат (може да го замените и со друг сезонски зеленчук)
  • малку сок од лимон
  • Лажичка пржени пињоли (или други јаткасти плодови)
  • 2-3 листови босилек
  • сол и бибер (по желба)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Oliver (@jamieoliver)


Подготовка:

Намачкајте ја рикотата на ржаниот леб. Исечете половина авокадо и домат на тенки парчиња, а потоа помешајте со малку сок од лимон. Редете наизменично на ржаниот леб кришки авокадо и домат, па по желба зачинете ги со малку сол и бибер. Украсете со пињоли и листови босилек.

Прегледи:
534
Објавено на:
19.11.2021