Категории

Џејн Фонда: „Ако ти не веруваш дека можеш се, другите уште помалце ќе веруваат“

Мудри зборови од големата Холивудска дива кои морате да ги запомните

Од почетокот на кариерата, па се до денес, Џејн Фонда ја користела својата слава која ја стекнала само за добри нешта, создавајќи платформа за друштвени активизам и ширење на позитивни пораки. Делејќи драгоцени животни лекции стана една од најомилените Холивудски диви на многумина.

Ви ги издвојуваме некои од нејзините незаборавни пораки:

„Феминизмот не се однесува само на жените. Феминизмот значи да се остават луѓето да живеат со полна плуќа онака како што сакаат.“

„Ако соберете доволно сила и почнете да верувате во себе, сите слабости лесно ќе ги претворите во сила. Мораш да имаш верба во себеси, ако ти не веруваш дека можеш се, другите уште помалце ќе веруваат во тоа.“

„Потсвеста влијае значајно на нашиот живот. За да бидеме среќни мораме да влијаеме на потсвеста со рационалниот дел од нашето битие. Не можеме секогаш да ги контролираме своите мисли, но можеме да ги контролираме своите зборови. Со повторувањето на одредени желби, испраќаме порака до потсвеста и така стануваме господари на ситуацијата.“

„Никогаш не е доцна. Секој ден е шанса да почнете од почеток. Никогаш не е доцна да бидеш среќен.“

„Прашувајте. Секогаш трагајте по ново знаење. Тоа ќе ве направи вистински живи.“

„Секој од нас на овој свет дошол со некоја мисија. Никогаш не смеете да помислите дека не сте доволно вредни.“

„За да бидете успешни, пред се морате да бидете човек. Само добрите луѓе имат привилегија да бидат наградени со успехот.“

„Човек не ги учи најважните животни лекции од успехот или туѓите искуства, човек единствено учи кога и сам ќе удри со главата во ѕидот. Неуспесите се дел од животот и мораме да ги прифатиме. На крајот на краиштата, тие не се секогаш потполно лоши, понекогаш се најдрагоцените животни лекции.“

„Еден дел од мудроста е да знаете што повеќе не ви е потребно и да го пуштите да замине од вашиот живот.“