Категории

Џекпот од 430 милиони долари падна во Њу Џерси

Ливче на американската лотарија Пауербол, продадено во државата  Њу Џерси, изминатата ноќ на среќниот добитник му донесе џекпот од 429,6 милиони долари, пренесоа американските медиуми.

Добитната комбинација беше 5, 25, 26, 44, 66 и дополнителниот број или таканаречениот Пауербол број 9.

Џекпотот, за кој се водеше битката изминатата ноќ, беше најголем во лотаријата од јануари, кога беше освоен џекпот од 1,6 милијарда долари.

Извлекувањата на лотаријата Пауербол се секоја среда и секоја сабота, а цената на среќката изнесува два долара.

Во текот на денешниот ден ќе се дознае точното место во Њу Џерси, на кое е продадено среќното ливче.

Прегледи:
322
Објавено на:
08.05.2016