Категории

Џена Џејмисон објави фотографија како ја дои ќерката и проговори за тешкотиите на мајчинството

Поранешната порно ѕвезда, Џена Џејмисон, проговори за тешкотиите кои ги носи мајчинството. 

Таа сподели фотографија на инстаграм од нејзе како ја дои нејзината 11 месечна ќерка Бател Лу во бањата, додека се тушира.

43 годишната веќе има три деца, а соочувајќи се со проблеми со доењето вели:

„Ова е мајчинството. Не е секогаш сјајно и совршено како што многу инстаграмџии прават да изгледа дека е.. Има денови кога ја преиспитуваш својата сила и способности. Но секогаш има тешки денови, како денес, кои ја покажуваат твојата некомпромисна сила.“

„Немам спиено два дена, а кутрата Батели повраќа секои 40 минути. Во ова сме заедно. Сите вие несебични мајки, заради вас овој свет постои.“

Џејмисон и нејзиниот вереник Лиор Битон ја имаат Бател, а Џејмисон има два сина близнаци од предходна врска.

 

 

Прегледи:
549
Објавено на:
07.03.2018