Категории

Џенифер Анистон е една од ѕвездите која го прослави православниот Божиќ: Погледнете кои холивудски ѕвезди се православци!

Иако во целото христијанство најзастапен е католицизмот, верувале или не, многу холивудски ѕвезди и припаѓаат на православната вероисповед!

Некои од нив потекнуваат од православни семејства, некои прешле во православието од љубов, а постојат и оние кои барале религија која потполно ги исполнува и тоа го пронашле во православието.

Таков е случајот со актерот Џонатан Џексон, кој честопати ја посетува Светата Гора и секогаш ги спомнува монасите од ова свето место и им е благодарен што се молат за нас.

Дали знаевте дека популарната актерка Џенифер Анистон е православна вера? Нејзиниот татко е роден во Грција, поточно на Крит, па својата ќерка ја воспитал во духот на православието. Логично- убавата актерка Божиќ го прославува на 7. јануари со сите обичаи кои ги наложува оваа вера.

Славното семејство Кардашијан со потекло од Ерменија, исто така е православна вера, а пред две години Ким отпатува во својата татковина за Божиќ.

Сепак, најбројни се оние кои преминале во православна вера од љубов. Меѓу нив е и преубавата Наоми Кемпбел, супермодел со корени од Јамајка. Во православието преминала 2008. година кога го запознала рускиот бизнисмен Владислав Доронин, со кој по 5 години љубов го прекинала секој контакт.

Легендата на холивудските филмови Том Хенкс преминал во православието пред 30 години, кога одлучил да се ожени со Рита Вилсон, со која и денес е во брак. Со неа има две деца, кои се воспитувани во православен дух. Освен него, во православна вера пред 5 години преминало и целото негово семејство.

И актерот Кристијан Бејл пред 17 години преминал во православната вера поради србинката Србослава (Сиби) Блажиќ, со која е во брак од 2000. година.

Истото го направил и Дејвид Ган, пејачот на групата Depeche Mode, кој и се приклучил на нашата црква поради сопругата Џенифер Склијаз која потекнува од Грција, а во брак се од 1999. година.

Прегледи:
455
Објавено на:
08.01.2019