Категории

Џенифер Анистон им ги затвори устите на сите оние кои мислат дека жените кои немаат деца се оштетена роба

Кога жената се наоѓа во „посериозни“ години честопати е мета на злонамерни критики. Актерката Џенифер Анистон повеќе не сака постојано да се соочува со непријатни коментари и да чита небулозни наслови за себе, бидејќи во животот има многу поважни нешта на кои им е посветена.

Во едно од најновите интервјуа, актерката која има 49 години рекла дека за многумина ацијацијата за неа е дека е тажна со скршено срце бидејќи има 49 години, разведена е и нема деца. Таа сака сите да знаат дека е совршено среќна и дека избрала да се фокусира на работата, пријателите, животните и на подобрувањето на светот.

„Погрешни се претпоставките дека Џен не може да задржи маж и дека одбива да има бебе бидејќи е премногу себична и посветена на кариерата. Или дека сум тажна и со скршено срце. Прво, со должна почит, срцето не ми е скршено. Никој не знае што се случува позади затворените врати. Никој не претпоставува колку тоа може да биде чувствително за мене и мојот партнер. Никој не знае низ што сум поминала и медицински и емотивно. Постои притисок врз жената дека мора да биде мајка, бидејќи ако не е, тогаш е оштетена роба. Можеби мојата цел на овој свет не е да се размножувам. Можеби треба да направам некои други работи“.

Прегледи:
511
Објавено на:
10.08.2018