Категории

Џенифер Анистон низ солзи сподели непријатна ситуација од своето детство

Непријатната случка од детството ја направи она што е денес.

Џенифер Анистон е една од најуспешните актерки која својата популарност ја стекна со улогата на Рејчел во серијата „Пријатели“. Неодамна таа се отвори за интервјуто на магазинот Harper’s Bazaar и сподели интимен момент од своето детство кој засекогаш ја променил.
Таа објаснува дека во својата 11 година ја научила една од најважните лекции во својот живот кој имала огромно влијание врз нејзината самодоверба.

„Се сеќавам кога моите родители беа во критична состојба, имав само 11 години. Во текот на една семејна вечер тие ми рекоја да ја напуштам масата затоа што немав ништо паметно да кажам. Таа реченица засекогаш ми остана врежана во памтењето, и сега во мојата педесетта година сфаќам дека всушност ми го одбележила целиот мој живот“, изјави Џенифер.

Таа незгодна ситуација ја натерала пред себе да си стави за цел во животот нејзиниот глас да биде слушнат и да стане пример за младите генерации како не би се нашле во слична ситуација.

„Сметам дека гласот на децата треба да биде чуен, нивните желби и интереси се важни и можат да влијаат врз тоа какви луѓе ќе станат во иднина“, изјави актерката.

Прегледи:
444
Објавено на:
16.10.2019