Категории

Џенифер Лопез ги советува жените: Мажите помлади од 30 години се бескорисни и не се за брак!

Доколку некогаш сте се обиделе да барате партнер преку некоја од многубројните апликации за барање на сродна душа, веројатно знаете дека тој процес може да биде многу напорен, бидејќи ќе ви бидат понудени многу имиња од кои морате да изберете некого.

Но, што ако некој може да ви помогне во изборот? И кога тоа би била ни помалку ни повеќе, туку Џенифер Лопез?

Имено, во најновата епизода на видео серијата „Swipe Sessions“ која е направена во соработка со апликацијата за состаноци на Тиндер, Лопез и помага на 29. годишната кантри пејачка Брук, во морето од предлози да го избере вистинскиот маж.

Брук, како што рекла, бара маж кој би можел да „сече дрвја“, па Џенифер и помага да го намали изборот, а притоа ја советува и вели:

„Типовите помлади од 33 години се бескорисни“.

Како што тврди и авторката на популарната книга’What About Me? Stop Selfishness From Ruining Your Relationship’ Jane Greer, Џенифер Лопез е во право, особено ако барате некој со кој би сакале да се „смирите“.

„Мажот може да направи нешто во кариерата дури во раните 30-ти, а дотогаш ќе има и пари и ќе биде сигурен во себе, објаснила Греер за порталот Insider и додала дека дури тогаш поголемиот дел од мажите ќе се усовршат во она што го прават и ќе станат поискусни и поуспешни. Тоа секако не значи дека оние во 20-ти години треба да се отпишат, но овие факти објаснуваат зошто дури во раните 30-ти поголемиот дел од мажите воопшто можат да се врзат за некого.

Прегледи:
543
Објавено на:
14.02.2019