Категории

Џенифер Лопез повторно ќе заплови во брачните води со Алекс Родригез

Џенифер Лопез (48) се вери со своето момче, поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез (42), непосредно пред прославата на американскиот државен празник Денот на независноста.

Популарната пејачка во љубовта со спортистот ужива нешто повеќе од една година, а сега одлучиле да ја зацврстат својата врска. Откако неодамна се вселиле во заеднички стан на Менхетен, каде што живеат со своите наследници – близнаците Максимилијан и Ема и ќерките на Алекс, Ела и Наташа, спортистот одлучил да и подари на Џенифер дијамантски прстен.

Тие двајца за викендот заедно со своите деца уживале на плажа во Хемптон, каде што го прославиле и американскиот празник 4. јули, а Џеј Ло на социјалните мрежи се пофалила со фотографија заедно со своето момче.

„Овие тивки моменти најмногу се ценат“, напишала под фотографијата на која насмеана лежи на градите на својот партнер, а она што го забележале сите е големиот дијамантски прстен на нејзината рака. Американските медиуми веднаш ја пренеле веста дека Лопез се верила, а се проценува дека ова парче накит вреди неколку стотини илјади долари.

Прегледи:
465
Објавено на:
09.07.2018