Актерката Џенифер Лоренс својата долгогодишна соработка со моднта куќа Dior ја продолжи така што се појави како заштитно лице на нивната нај нова колекција ташни за 2017 година. Црно-белите портрети се дело на фотографката Бриџит Лакомб додека Џенифер лежерно позира во парчињата од колекцијата кои вклучуваат и фармерки, маици и секако есенските ташни во прв план.