Категории

Џиџи Хадид е бремена! Го очекува своето прво дете со момчето, пејачот Зеин Малик

Ширум светот произлезе најновата вест за бременоста на супермоделот Џиџи Хадид. Таа го очекува своето прво дете со момчето Зеин Малик.

Имено, според релевантни странски медиуми дознаваме дека таа ја чувала својата тајна во кругот на семејството и нејзините пријатели некое време, бидејќи е само неколку месеци во бременоста, како што соопшти  изворот и додавајќи  “Откако Џиџи и Зеин се смирија кон крајот на минатата година, беше како никогаш да не ни прекинале и знаеја дека тоа што го имаат е нешто посебно. Двојката и нивните семејства се пресреќни.” Хадид и Малик допрва треба јавно да ги споделат возбудливите вести за бременоста, а деталите за своето малечко ги чуваат цврсто.

Минатата недела, дуото го прослави 25-тиот роденден на Хадид во карантин. За време на викендот, супермоделот сподели на Инстаграм неколку фотографии од роденденската прослава со своето семејство како и видео каде таа е во прегратка на нејзиното момче Зеин Малик и нејзината сестра Бела Хадид.  Ова беше втор пат во последните месеци како Џиџи позира со Зеин на нејзиниот Инстаграм профил, особено затоа што тие ја обновија својата романса неодамна.

  

25-годишниот модел и 27-годишниот пејач неколкупати ја прекинуваа и обновуваа врската од 2015 година наваму. Во прилог погледнете дел од нивната слатка романса заедно прикажана низ неколку фотографии.

  

    

  

 

Прегледи:
493
Објавено на:
29.04.2020