Категории

ЏИЏИ ХАДИД И ЗЕИН МАЛИК ПРЕГРНАТИ ЗАЕДНО ГО СЛАВАТ НЕЈЗИНИОТ 25-ТИ РОДЕНДЕН

Џиџи Хадид неодамна го прослави нејзиниот 25-ти роденден покрај своите најблиски, вклучувајќи ги семејство, пријателите и нејзиното момче Зеин Малик.

Во саботата (25ти Април), супермоделот сподели симпатична бумеранг објава на својот Инстаграм профил на која држи сребрен балон “25” заедно прегрнати со поранешната членка на One Directon групата и нејзината сестра супермоделот Бела Хадид. Џиџи, која во четвртокот наполни 25 години, им подари на обожавателите можност уште еднаш да ѕирнат во нејзината роденденска прослава, споделувајќи втор пост со серија фотографии, меѓу кои и на една од нив таа и Малик се повторно заедно прегрнати, а другите од нејзината неверојатна роденденска торта.

      

      

       

“Прекрасно си го поминав денот прославувајќи го мојот 25-ти роденден со моето семејство во карантин, кое го направи толку посебен за мене, заедно со љубовта што ја примив од целиот свет” Џиџи напиша на својата објава. “Ви благодарам на сите за роденденските пораки, и Вие бевте дел од него вчера!”

Минатата недела, Хадид произлезе со уште една објава на социјалните мрежи за да и се заблагодари на својата пријателка познатата пејачка Тејлор Свифт што и испрати прекрасен букет цвеќиња за нејзинот 25-ти роденден. Супермоделот сподели фотографија од разнобојните цвеќиња на нејзиното Инстаграм стори, заблагодарувајќи се на Свифт, нејзиното момче Џои Алвин и нивните мачки.

 

 

Прегледи:
726
Објавено на:
29.04.2020