Турската актерска ѕвезда Еркан Петекај, Џихан од серијата „Парампарче“, долго со семејството, сопругата Дидем и синот Џан живеел по хотели Не дека тие тоа го сакале, туку неговата работа им наметнала такво решение.
Имено,првата значајна серија “Beyaz Gelincik” (Памук) згодниот актер ја снимал во Адана од 2005 до 2007 година. Поради тоа што никако не сакал да биде разделен од сопругата и едногодишниот син, едноставно и нив ги земал со него во Адана. Таму повторно се вратиле пет години подоцна, поради потребите за снимањето на серијата „Дила“.
Но, за да му обезбедат на своето син единец стабилно опкружување, во меѓувреме на Бејкоз, населба на малоазиската страна на Истанбул, купиле вила со голем двор, сместена во прекрасна природа далеку од градската врева.
На кат се наоѓаат спални соби и тоалетите, а во отвореното приземје на големата двокатница се сместени пространиот салон, потоа катчето на Еркан опремено со голем ТВ екран во кое со пријателите ги следи натпреварите и жестоко навива, како и катче за неговите инструменти.
-Овожувам да свирам, во душа сум рокер, но воопшто не ги знам нотите“, открил славниот актер.
Ви приземјето се кујна, трпезарија и работниот простор на Дидем. Оваа мила и скромна млада жена со топли очи е силна поддршка на својот сопруг, а и самата и е наклонета на уметноста. За тоа сведочат платната во живи бои кои се дело на нејзините раце.
Домот на семејството Петекај е модерно опремен, но бројните детали во него покажуваат дека се почитува традицијата на источната Анадолија, поточно Дијарбакир. Така на една маса задолжително се наоѓа чинија со овошје, бадеми, фстаци и ореви, затоа што , како што велат, тоа привлекува изобилство.
Во едноставно проектирана градина сместен е голем базен во кој Еркан, инаку вљубеник во пливањето, често се релаксира, а тука е и фудбалски терен каде Џан со другарите и верното куче, лабрадорот Шансли, поминува убави моменти.
Вниманието на гостите сепак најмногу го привлекуваат две работи, органска градина и скара!
-Пораснав во куќа со градина. Одржување на градината и одгледување на зеленчукот тогаш беа моја должност и задоволство, а сега се занимавам само со собирање на плодовите“, се пошегувал актерот и додал:„Нема ништо поубаво од тоа да наутро појдам во својата градина и наберам зеленчук за појадок“, раскажал во емисијата „Неделан прошетка“.
Еркан има уште еден ритуал кој го носи од родната куќа: секоа утро на празен стомак јаде три маслинки и пие малку маслиново масло. И поради здравјето, а и поради семејната традиција.
А скара?
Кога ќе му дојдат пријатели и роднините, маркантниот актер со свои раце им пече месо и зеленчук. И тоа не било какво месо: во неговиот дом доаѓа само најдоброто и тоа директно од Stekhaus, месара во негова сопственост, а се наоѓа исто така на Бејкоз. Актерот пред две години покрај месарата отворил и грил ресторан, што во последно време е тренд во Истанбул.
И додека Џихан од серијата „Парампарче“никако не може да се избори со неволјите кои им се случуваат на членовите на неговото семејство и нему, Еркан живее спокојно и со својата Дидем докажува дека за успешен брак освен љубов е неопходно и трпение, смиреност, лојалност и взаемна почит.
Извор : makedonijadenes.com.mk