Таа успешно го крие својот приватен живот од очите на јавноста, и веќе 2 децении ја живее својата бајка со партнерот Даниел Модер
Актерката ја обожаваат милиони ширум светот. Таа е шармантна, секош насмеана и многу талентирана и елегантна. За нејзиниот љубовен живот се појавувале безброј гласини, од тоа дека се разведува, но вистината е дека на полето на љубовта и цветаат ружи.
Ретко кога нејзиното семејство можете да го видите во јавност, а она што се знае во врска за нејзината љубовна приказна со сопругот Даниел Модер е дека се запознале во текот на снимањето на филмот „Мексиканецот“. Две години после средбата се венчале.
Таа во едно интервју одлучи да проговори за својот 17 години долг брак
„Нашата средба може да се спореди со силен земјотрес. Средбата беше моментот кога сфатив дека мојот живот потполно ќе се промени и се ќе биде поинаку од порано.“
И навистина било така. Џулија се омажи во 2002-та и после две години ги добија близнаците Хазел Патриција и Финес Волтер.
Во 2007 нивното семејство доби уште еден член, синот Хенри.
„Сите треба да знаат дека семејството е најголемото богатство. Таа е нешто најбитно во животот. Ништо материјално не може да се спореди со тоа“
„Поминаа многу години но Дани сѐ уште ми е најдрагата особа. Го слушав се што зборува и барам негови совети, и тој го прави истото. “
Таа откри дека нејзиниот брак е исполнет со меѓусебно разбирање и слога и дека е неизмерно среќна.
„Се сакаме и искрено уживаме во друштвото на еден со друг“