Категории

Директното зборување е знак на здрава личност

Без наговестувања и двосмислености.

Еден од знаците на здрава, урамнотежена личност е способноста да се зборува директно, по најкраток пат. Без лажна скромност, без скандал, без наговестувања и двосмислености – веднаш преидување на темата и самата суштина.

Од друга страна, човекот кој е неурамнотежен и несигурен во себе, присилен е да дејствува по кружни патеки – манипулации, лаги и скршнувања од темата.

Ова набљудување може да се користи како детектор на сопствените слабости и за тренирање на психолошката стабилност. Секогаш кога директниот пат кон целта е застрашувачки поради било која причина, треба да се размисли поради кое болно место не сакаме директно да дејствуваме. Потоа, да се собере сила и сепак да се ризикува и да се игра отворено, без кружење.

Прегледи:
476
Објавено на:
25.06.2020