Категории

DIY (НАПРАВИ САМ): ПОМ-ПОМ ЛАНЧЕ

Пом-пом „бушавите“ ланчиња се шарени, модерни и лесни за изработка. Можете да ги направите со вашите деца и да се забавувате заедно, а се одличен додаток и во детските комбинации.

За да го направите ова забавно ланче, потребни ви се само неколку работи – волница, ножици, врвка за ланчето и игла.

2

Можете да ги направите топчињата во која било големина со виткање на волницата околу било што, а можете да се послужите и со вашата рака. За да направите поголеми топчиња, завиткајте ја волницата околу четири прста, а за да направите помали, завиткајте ја околу два. Запомнете: колку повеќе волница ќе завиткате, толку топчето ќе биде подебело и поисполнето. Откако ќе завршите со виткање, исечете го конецот.

3

Извадете го купчето волница од вашата рака. Исечете друго парче волница кое ќе биде доволно големо за да го врзе купчето волница кое претходно го намотавте.

4

Врзете го купчето многу цврсто, затоа што ова е тоа што му ја дава формата.

5

Потоа, вметнете ги ножиците помеѓу котелците и исечете ги. Сега почнува да заличува на пом-пом топче.

6

Скратете го сè додека не изгледа убаво и уредно.

7

Направете неколку топчиња, ставете ги на врвката и готови сте! Ова пом-пом ланче одговара на сè!

8

9

За подетални инструкции, погледнете го ова видео:

Прегледи:
722
Објавено на:
24.02.2016