Категории

Дизниленд отвора забавен тематски парк „Војна на ѕвездите“

Американскиот забавен парк Дизниленд соопшти дека забавен тематски парк кој ќе се вика „Војна на ѕвездите-на раб на галаксијата“ (Star Wars: Galaxy’a Edge) ќе се отвори во Калифорнија на 31 мај, а потоа и во Флорида, на 29 август.

„На работ на галаксијата“ е нов простор од 14 хектари во кој посетителите со возење и искуствата кои ќе ги доживеат ќе заминат далеку, многу далеку во галаксијата. Една од атракциите во новиот парк е и деталната реплика на бродот Milennium Falcon, кој обожавателите на „Војна на ѕвездите“ добро го познаваат, а посетителите ќе можат да прошетаат низ просториите на бродот и да се впуштат во борба со TIE борците. На посетителите на располагање ќе им бидат и светлечки мечеви, а ќе можат и да уживаат во соодветна храна и пијалок.