Категории

Дневникот на зависникот – пред и потоа фотографии на луѓе кои надминале зависност од наркотични средства

Kevin Alter го создал „Дневникот на Зависникот“ (“The Addict’s Diary”) за луѓе да можат онлајн да ја споделат својата приказна со зависноста.

Луѓе ги споделуваат своите успеси, неуспеси и лекции кои ги научиле во текот на лечењето од зависноста од наркотични дроги. Оваа платформа ги омоќува луѓето кои патат или пателе од злоупотреба на супстанци да зборуваат за нивната приказна. Со тоа, на посетителите на платформата им се дава чувство на надеж,  како и информации за реалноста со која се соочуваат зависниците.

Подоле има некои од најпоследните трансформации кои луѓе ги поставиле на платформата.

1. Се викам Емералд. Последната година од мојата зависност од хероин и метадон, живеев во мотели и засолништа. Ми ги земаа двата сина. Не бев повеќе човечко битие. Денес сум чиста од дроги веќе 21 месец. Си го вратив старателството кон двата сина и за првпат во животот, најдов мир.
Trasformation-Stories-Before-After-The-Addicts-Diary

2. Умирав на улиците од инфекција на срцето, спиев во колата, гладував со денови. Не сакаа да ме лечат во болница, и буквално сите ме напуштија. Најдов сила да се исчистам од дрога, да појдам во друга болница, да ја добијам операцијата на срце што ми беше потребна и да останам чиста, иако се’ уште бев бездомник. Од тогаш поминаа 6 месеци и вчера се вселив во заеднички дом, и си купив неколку убави работи за моето катче. Пресреќна сум. Мислев дека ќе бидам мртва до крај на годината. Многу е убаво да си назад помеѓу живите.
Trasformation-Stories-Before-After-The-Addicts-Diary

3. Ова сум јас пред 613 дена, кога почнав со рехабилитација. Физички, ментално и духовно скршен. Имав загубено се’ и мисле дека заслужувам смрт. Денес, се враќам назад само кога ми треба лекцијата што зависноста ме научи.
Trasformation-Stories-Before-After-The-Addicts-Diary

4. Пред и по 30 годишна зависност од крек, хероин и таблети. Денес е чист 5 години.
Trasformation-Stories-Before-After-The-Addicts-Diary

5. Промената е можна. Мило ми е што побарав помош!
Trasformation-Stories-Before-After-The-Addicts-Diary

6. Бев зависник. Денес сум благодарен бивши зависник. Благодарен на шансата што ми се даде за нов живот. Чист сум веќе неколку години и планирам да останам така.
Trasformation-Stories-Before-After-The-Addicts-Diary

7. Најблагодарна сум им на луѓето кои биле на патот на зависноста, го поминале претешкиот пат на отрезнувањето, и кои ми помогнаа да го сторам истото.
Trasformation-Stories-Before-After-The-Addicts-Diary

8. На сликата лево, бев зависна од метадон, фентанил и се’ што ќе ми дојдеше при рака. Десно сум чиста 75 дена и никогаш не сум била посреќна.

Trasformation-Stories-Before-After-The-Addicts-Diary

Прегледи:
713
Категории:
Животен стил
Објавено на:
22.09.2020