Категории

Дневното мени на Миранда Кер

Супермоделот одлично се снаоѓа како на модната писта така и во кујната, специјално за Vogue таја го сподели своето дневно мени и кои јадења обожава да ги конзумира секој ден.

 

Миранда Кер, една од најбараните модели во светот изјави дека својот ден го започнува со детоксикација на телото така што припрема исцеден лимон во топла вода, неретко во него гдодава протеинска пудра од својот бренд Kora.

За појадок таа подготвува мини палачинки со сладок сируп за својот син Флин кои исто така ги обожава и одвреме-навреме си дозволува да ја заобиколи својата диета. После јога тренингот подготвува свежа зелена салата со лосос, а за вечера конзумира печено пилешко на скара.

Таа додаде дека и покрај тоа што е доста зафатена со дневните обврски како водењето на својата компанија, улогата на мајка како и моделингот, ужива во готвењето на сопствените оброци.

Прегледи:
352
Објавено на:
25.08.2017