Роботите најдоцна до 2025. година ќе извршуваат 52% од постоечките работи, речиси дупло повеќе од денес, покажа истражувањето на Светскиот економски форум.
На објавеното истражување се заснова анкета во која учествувале директори од кадровски служби и останати високо рангирани предводници на компании од целиот свет со учество во глобалниот БДП од 70%.
Според нивните процени, „машините до 2025. година ќе извршуваат повеќе од половина од постоечките задачи на работното место кои денес ги извршуваат до 29%“.
Брзите промени на машините и алгоритмите, компјутерските процеси усмерени на решавање проблеми, можат да креираат 133 милиони нови улоги кои ќе заменат 75 милиони во периодот од денес до 2022. година.
Се наведува дека авторите на извештајот предвидуваат дека роботите бргу ќе ги заменат луѓето во сметководството, управувањето со клиенти, како и индистрискиот, поштенскиот и секретарскиот сектор.
Паралелно би требало да порасне потребата од работни места кои бараат „човечки вештини“, како продажба, маркетинг и однос со клиенти, како и електронска трговија и социјални медиуми.
Во извештајот се наведува дека голем предизвик ќе биде преквалификација на робитниците, која ќе биде под притисок да се усвојат нови вештини, особено на подрачјето на „креативноста, критичкото мислење и уверување“.
Авторите нагласуваат дека до 2022. година посебно ќе биде силна потребата за преквалификација на работниците во авиосообраќајот, секторот патување, туризам и го искракнуваат општиот тренд на континуирано учење и прилагодување.