Категории

До фит тело со диета со домати!

Диетата со домати гарантира брзо намалување на килограмите и чистење на телото од токсини.

Најчесто во ригорозните планови за исхрана не се практикува комбинирање на намирници, но во оваа диета тоа е дозволено. Сирење, варени јајца и малку интегрален леб и билни зачини, како и останатите намирници кои е неопходно да се внесат во денот дефинитивно се добитна комбинација за да бидете фит.

Погледнете го планот на исхрана на оваа диета со домати.

Прв и четврт ден
Доручек- салата од домати со 50 гр. сирење, маслиновво масло и босилек, 2 варени јајца и 30 гр. леб
Ужина- 350 гр. свежо сезонско овошје или чаша сок од домати
Ручек- паста од сос од домати (сосот е подготвен со 400гр. домати или 350гр. конзервирано пире од домати, зачини по желба)
Вечера- супа од домати и зеленчук. Можете да додадете лажица павлака.

Втори и петти ден
Доручек- грчка салата и 30гр. леб
Ужина- 350 гр. свежо сезонско овошје или чаша сок од домати
Ручек- печени полнети домати со спанаќ и ориз
Вечера- подгответе супа од 2 главици сецкан лук кој е издинстан на маслиново масло, ослич филе, 2 големи домати, зачини и лажица павлака.

Трети и шести ден
Доручек- омлет со домати, 30гр. леб
Ужина- 350 гр. сезонско овошје или чаша сок од домати
Ручек- пилешко месо (150 гр.) во сос од домати со печурки
Вечера- говедско на жар (130гр.) и шопска салата

Прегледи:
655
Објавено на:
11.07.2019