Категории

До сите мажени жени – Не заборавајте ги своите пријателки

Како што ќе старееш, тие ќе ти бидат најважни. Колку и да го сакаш својот маж, колку и да ги сакаш своите деца, тие сепак ќе ти бидат потребни.

Млада жена која штотуку се омажила, еден врел летен ден дошла во посета на својата мајка. Седнала на фотелјата и додека го пиела својот леден чај, започнале приказна за животот, бракот, за одговорностите и обврските на зрелите луѓе.

Мајката замислено ги промешала коцките лед во чашата и потоа јасно и трезвено ја погледнала својата ќерка.

„Немој никогаш да ги заборавиш своите пријателки“, рекла.

„Како што ќе старееш, тие ќе ти бидат најважни. Колку и да го сакаш својот маж, колку и да ги сакаш своите деца, тие сепак ќе ти бидат потребни.Сети се одвреме навреме да излегуваш со нив, да се дружиш со нив. И запомни дека твоите пријателки не ти се само пријателки, тие се и твои сестри, како и твоите женски роднини. Секогаш ќе ти бидат потребни жени. На жените секогаш им се потребни други жени!“

„Каков глупав совет“, помислила ќерката.
„Зарем не се омажив скоро? Зарем не зачекорив во светот на паровите? Во името на Бога, јас сум мажена жена, возрасна! Не сум некоја девојка на која и се потребни пријателки. Мојот маж и моето семејство секако дека ќе бидат се она што ми е потребно за мојот живот да ја добие вистинската смисла.“

Но таа и покрај се, сепак ја послушала својата мајка и продолжила да одржува контакт со своите пријателки. Како што поминувале годините, една по друга, како што природата донесува промени во животот на секоја жена, пријателки остануваат најголемата потпора за неа.

Кога стигнала во своите 40-ти, еве што научила:

Времето поминува.
Животот се одвива.
Дистанцата раздвојува.
Децата растат.
Љубовта бледнее.
Срцата се кршат.
Работата доаѓа и си оди.
Кариерата се завршува.
Родителите умираат.
Колегите забораваат услуги.
Мажите имаат свој свет.

Но пријателките и понатаму остануваат покрај тебе, и колку време и километри да да ве одделуваат, пријателката не е толку далеку за да не може да биде покрај тебе, кога ти е потребна.

Додека мораш да одиш по тој осамен пат кој се нарекува живот и кога мораш да одиш сама, твоите пријателки ќе бидат тука, покрај патот, ќе навиваат за тебе, ќе се молат за тебе, ќе се трудат околу тебе, ќе се залагаат за тебе и ќе те чекаат на крајот на патот со раширени раце. А понекогаш дури и ќе ги прекршат правилата поради тебе.

Прегледи:
574
Објавено на:
31.01.2020