Категории

До сите самохрани мајки – Вие сте прекрасни, а вашите деца ќе бидат добро!

Одлично ти оди! Ти си несовршена, сите мајки се такви. Но само со твојата присутност, секој ден и секоја ноќ, ти создаваш магија за своите деца. Даваш се, дури и кога мислиш дека не ти оди.

„Можеш да го направиш тоа, дури и кога не можеш.
Нема да лажам, во текот на растењето понекогаш ја мразев својата мајка.
Беше самохрана мајка. Поминуваше денови подучувајќи емоционално вознемирени деца и доаѓаше дома потполно исцрпена.
Понекогаш беше толку уморна што се заклучуваше во својата соба и молчеше. Вечерите беа од микробранова, загорени вечери, ладни пици. Имаше солзи и високи гласови.
Понекогаш не нарекуваше со најлошите можни имиња. Понекогаш плачев. Понекогаш и таа плачеше.
Но имаше и добри денови и секогаш имаше смирување..“ – кажува Венди Винсер за Your Tango.

„.. Во попладневните часови ќе ме одвезеше мене и мојата сестра со колата во градот на замрзнат јогурт. Понекогаш ќе не одведеше во прошетка гледајќи ги куќите на богатите луѓе. Понекогаш само ќе одевме низ шумата за да се изгубиме.
Секогаш ја сакав својата мајка и ја ценев за се. Таа беше мојот ѕид. Знаев дека безусловно ме сака. Знаев дека секогаш без сомнеж ќе биде тука за мене.
И тоа е причината и покрај тоа што нашите родители се разведени, ние пораснавме во силни жени.

Дали разводот ќе влијае врз вашите деца? Иако е тоа можно, јас и мојата сестра станавме независни жени кои знаат како треба да ги прават нештата. И што е најважно, станавме жени кои умеат да сакаат со сето свое срце.

Мислам дека не го ценев во потполност тоа што мојата мајка го направи за нас, се додека не станав и самата мајка. Најраната возраст на моето дете ме удираше во лице. Се мачев со млекото, со разните обврски и многу малку спиев. Се обидував да ги задоволам потребите на овие мали битија чија целокупна егзистенција зависеше од мене.
Но имав помош. Имав маж кој беше подеднакво задолжен за родителската должност. Во оваа позиција не можев да верувам како мојата мајка тоа го правеше сама. Мојот татко беше добар татко, татко со златно срце. Беше тука за мене кога бев дете. Но кога се роди мојата сестра, мојата мајка беше сама во бескрајните, непреспиени ноќи. Помагав, но имав само пет години па мораше да постојат одредени граници.

Немам појма како успеваше, но и должам за се.
Не сум самохрана мајка, но имам длабоко сочувство до сите самохрани мајки. Ако постои едно нешто кое сакам да им го кажам тогаш е ова:
Го можеш тоа!

Одлично ти оди! Ти си несовршена, сите мајки се такви. Но само со твојата присутност, секој ден и секоја ноќ, ти создаваш магија за своите деца. Даваш се, дури и кога мислиш дека не ти оди.

Тоа е она што им е потребно на децата. Вие сте им потребни. Вашата присутност и љубов. Тоа е нивното сидро и тоа ги прави комплетни.
Понекогаш децата се незгодни. Знам дека лежиш во кревет на крајот на денот и плачеш. Знам дека сакаш да бидеш силна за две личности. Сакаш да имаш некој кој ќе ти помогне во ова. Но ти оди одлично. Навистина, твоите деца ќе бидат добро. Тие ќе бидат успешни и силни.
Знам дека не изгледа секогаш така, но секој ден ти ја правиш најважната работа на овој свет. Затоа опушти се и биди среќна за себе и своите деца.

Одлично ти оди!“